ЗБОРУВАШЕ НЕВЕРОЈАТНИ ПРОСТОТИЛАЦИ, БЕВ ВООДУШЕВЕН Горан Бреговиќ призна дека бил заљубен во познатата фолк-пејачка

Горан Бреговиќ во интервју за српскиот „Неделник“ признал дека бил заљубен во Лепа Лукиќ, но не на начин на кој можеби би помислиле. Тој раскажал како „Бијело дугме“ и најпопуларната фолк-пејачка во тоа време се нашле на иста турнеја.

131

Горан Бреговиќ откри дека своевремено бил воодушевен од легендарната српска фолк-пејачка Лепа Лукиќ, но не поради нејзиниот изглед или како од жена. Она што го освоило биле нејзиниот хумор, шармот и необичниот начин на шегување.

Основачот на „Бијело дугме“ во интервју за српскиот „Неделник“ признал дека бил „заљубен“ во пејачката, но веднаш објаснил што точно мисли под тоа.






– Бев заљубен во Лепа Лукиќ. Не мислам заљубен во неа како во жена, туку бев заљубен во нејзиниот хумор и шегувањето – рекол Бреговиќ.

Тој додал дека ја гледал како вистинско чудо, бидејќи зборувала неверојатни простотилаци, што него особено го воодушевувало. Нејзиниот хумор и шарм биле нешто сосема поинакво од она на што дотогаш бил навикнат, а тоа го поврзал и со нејзиното потекло од јужна Србија.

– Тоа беше големо откритие за мене, но и за сите нас – рекол музичарот.

Бреговиќ раскажал и како воопшто дошло до нивната средба. Членовите на „Бијело дугме“, според неговите зборови, во тоа време живееле прилично изолирано и немале многу допирни точки со естрадата. Настапувале ретко, приближно еднаш на три години, а потоа се појавила желба за повеќе работа и турнеја во рамките на една телевизиска ревија.

Така рокерите од Сараево одеднаш се нашле опкружени со најпознатите естрадни ѕвезди. За Бреговиќ тоа бил прв вистински допир со светот на шоу-бизнисот, а токму Лепа Лукиќ му оставила најсилен впечаток.

„Бијело дугме“, основано во Сараево во 1974 година, стана еден од најпопуларните рок-бендови на просторите на поранешна Југославија. Бреговиќ подоцна се прослави и со музиката за филмовите на Емир Кустурица, меѓу кои се „Дом за бесење“ и „Андерграунд“, како и со настапите со Оркестарот за свадби и погреби.

На неговото признание реагирала и самата Лепа Лукиќ. Таа рекла дека за неговите чувства првпат слушнала од новинарите и дека во тоа време немала никаква врска со него. Сепак, се сеќава на заедничките турнеи, кога патувале со автобус во група од триесетина пејачи, меѓу кои биле и членовите на „Бијело дугме“.

– Убаво е што бил заљубен во мене – прокоментирала пејачката.

Поврзани содржини