НА 63 ГОДИНИ СО ЛИНИЈА ОД 23 Деми Мур во фустан направен од тексас на доделувањето на модните награди CFDA

Нејзиниот впечатлив фустан е дело на дизајнерот Зак Позен за модната линија GapStudio, а со него класичниот тексас доби сосема поинаква, свечена форма.

1

Актерката Деми Мур привлече големо внимание на доделувањето на модните награди CFDA за 2026 година во Њујорк, појавувајќи се во необична креација направена од тексас. Нејзиниот впечатлив фустан е дело на дизајнерот Зак Позен за модната линија GapStudio, а со него класичниот тексас доби сосема поинаква, свечена форма.

Фустанот е изработен од повеќе појаси од индиго тексас, наредени и зашиени еден над друг, со што е создаден впечатлив корсетен горен дел. Имаше детали со сребрени копчиња и отвори за ремен, додека долгото здолниште со низок струк имаше висок шлиц и малку продолжен заден дел.






Мур, која има 63 години, покажа витка линија на која можат да ѝ позавидат и оние кои имаат 23. Изгледот го надополни со чевли од велур, впечатливи висечки дијамантски обетки и чанта изработена целосно од тексас. Долгата темна коса ја носеше префрлена преку едното рамо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Актерката присуствуваше на церемонијата во Американскиот музеј за природна историја за да додели награда. Таа им го врачи признанието за иновации на компанијата „Гап“, кое го примија извршниот директор Ричард Диксон и дизајнерот Зак Позен.

– Тексасот е во срцето на идентитетот на „Гап“, а сакав неговата функција да ја истражам на сосема нов начин за мојата драга пријателка Деми – изјави Позен. Тој објасни дека ги деконструирале препознатливите детали на класичните фармерки и ги претвориле во елегантна вечерна облека, создавајќи креација што е скулптурална, неочекувана и препознатлива за GapStudio.

Меѓу другите познати личности кои се појавија на црвениот тепих и имаа улога на презентери беа Мет Дејмон, Лупита Њонго и Зои Кравиц. Деми Мур последен пат присуствуваше на оваа церемонија во 2023 година, кога носеше фустан од Каролина Херера.

Поврзани содржини