ВОЈНАТА НА САД И ИЗРАЕЛ ПРОТИВ ИРАН Е НЕЛЕГИТИМНА Кина бара целосен прекин на огнот
Регионот поминува низ клучна пресвртница и неопходни се директни средби меѓу двете страни, рече кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји по средбата со иранскиот колега Абас Арагчи во Иран.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Пекинг.
Кинескиот министер Ји ги нарече воените акции на САД и Израел против Иран нелегитимни и порача дека мора да се воспостави целосен прекин на огнот, објави иранската новинска агенција Тасним.
– Регионот поминува низ клучна пресвртница и неопходни се директни средби меѓу двете страни – рече Ванг.
Кина и Иран се блиски економски партнери, а Кина се смета за најголем купувач на иранска нафта.
Пекинг редовно ги критикува акциите на САД против Иран.
Средбата се одржа на една недела пред очекуваната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина. Вашингтон го најави тоа патување, но Пекинг сè уште не го потврдил.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, во вторник вечерта изјави дека се надева оти Кина „ќе му го каже на Арагчи она што треба да му се каже, дека она што го прави во Ормускиот Теснец го води Иран кон глобална изолација“.
Трамп во вторникот објави дека привремено ја суспендира операцијата „Проект Слобода“ – мисијата на САД за обезбедување безбеден премин на бродовите низ теснецот. Исто така, рече дека е постигнат „голем напредок“ во разговорите меѓу Вашингтон и Техеран.