ЕВРОПЈАНИТЕ КУПУВААТ ПОМАЛКУ, ПРОДАЖБАТА НАЈМНОГУ ПАДНА ВО ГЕРМАНИЈА Штедат и на храна, а трошат за гориво

Најголемо намалување е забележано во Германија, каде што малопродажбата паднала за 2 проценти за само еден месец. Пад е регистриран и во Романија од 1,3 процент, Португалија од 0,9 проценти и Франција од 0,6 проценти.

0

Продажбата во малопродажниот сектор во Европската Унија бележи значително намалување, а најголем пад е регистриран во Германија, покажуваат најновите податоци што ги објави европската статистичка служба Евростат.

Во септември годинава, обемот на малопродажбата во еврозоната се намалил за 0,7 проценти во однос на август, додека на ниво на целата Европска Унија падот изнесувал 0,6 проценти. Ова претставува пресврт во однос на август, кога продажбата пораснала за 0,4 проценти.






Најголемо намалување е забележано во Германија, каде што малопродажбата паднала за 2 проценти за само еден месец. Пад е регистриран и во Романија од 1,3 процент, Португалија од 0,9 проценти и Франција од 0,6 проценти.

Податоците покажуваат дека европските потрошувачи најмногу ги намалиле купувањата на непрехранбени производи, чија продажба во еврозоната паднала за 1,2 проценти. Продажбата на храна, пијалаци и тутун се намалила за 0,3 проценти, додека продажбата на автомобилски горива пораснала за еден процент.

На годишно ниво, растот на малопродажбата во еврозоната изнесува само 0,4 проценти, а во Европската Унија 0,9 проценти.

Слабеењето на потрошувачката доаѓа во период кога европските домаќинства се соочуваат со зголемени трошоци за енергија и повисока инфлација, што дополнително ја ограничува нивната куповна моќ.

Намалената побарувачка во најголемите европски економии претставува ризик и за производителите и извозниците од регионот, вклучително и од Македонија, чија економија е силно поврзана со европскиот пазар.

Поврзани содржини