ИРАН СЕ ЗАКАНИ СО БЛОКАДА НА СООБРАЌАЈОТ ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ И ВО ОМАНСКИОТ ЗАЛИВ Американската блокада на Ормус е кршење на примирјето
Ако блокадата ја загрози безбедноста на иранските трговски бродови и нафтени танкери, Техеран нема да дозволи да продолжи извозот и увозот во Персискиот Залив, Оманското Море и во Црвеното Море, се закани генерал-мајор Али Абдолахи.
Оперативната команда на иранските вооружени сили предупреди дека ќе го загрози и поморскиот сообраќај надвор од Ормускиот Теснец, ако продолжи американската поморска блокада на иранските пристаништа.
Генерал-мајор Али Абдолахи, командант на Централната команда Хатам ал-Анбија, изјави дека ако блокадата ја загрози безбедноста на иранските трговски бродови и нафтени танкери, Техеран ќе го смета тоа за кршење на прекинот на огнот.
„Во тој случај, иранските вооружени сили нема да дозволат да продолжи извозот и увозот во Персискиот Залив, Оманското Море и во Црвеното Море“, рече тој во соопштението објавено од новинската агенција Тасним.