ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ ГРАДСКО-ВЕЛЕС Екипи на „Македонија пат“ го расчистуваат

Одронот на карпа е последица на обилните дождови и лизгавоста на теренот на овој дел од патот Градско - Велес.

114

Екипа од ЈП „Македонија пат “ Подружница Велес е на терен и  работи на  расчистување на поголем одрон од карпа која падна денеска  околу пладне на патот Градско – Велес кај поранешната Хемиска индустрија – Велес (ХИВ), јави МИА.

Екипата од вработени  од ЈП „Македонија пат“ од велешката Подружница  замина на терен со машина скип – багер и веќе работи на расчистување на карпата и оспособување на патот, информира за МИА Ристе Коџобашиев  раководителот на оваа велешка подружница на ЈП „Македонија пат“.






Одронот на карпа е последица на обилните дождови и лизгавоста на теренот на овој дел од патот Градско – Велес.

Поврзани содржини