СОЅИДАНИТЕ 350.000 ЕВРА СЕ РЕЗУЛТАТ НА ИЗБОРОТ НА СУДИИ ВО ЕДОУМИЕТО ОД 1994 ДО 1998 ГОДИНА Којзнае колку илјадници евра се изедени и потрошени

Покрај изборот во едноумието, вториот лош пример е оној антиуставен имплант СЈО, кој до ден денес претставува проблем за правдата во Македонија, вели премиерот Христијан Мицкоски.

168

Презумција на невиност мора секој да почитува и никој не е виновен додека тоа не биде правосилно. Но од друга страна, сега зборувам како човек, ако навистина е точно дека тие заѕидани средства се предмет на легална трансакција, продажба на нива и слично, тогаш што би правеле во ѕидот, рече премиерот Христијан Мицкоски на пратеничкото прашање упатено до него за коментар на состојбите во правосудството и актуелната афера за најдените пари заѕидани во ѕид.

– Логично е тие да се наоѓаат на друго место, а не во ѕидот. И ако е така, кога ќе ви дојдат дома истражители и ќе ви ја пребаруваат куќата, тогаш логично е да им кажете, видете јас за да се обезбедам од крадци ги заѕидав парите во ѕид, ако тука копате ќе најдете 350.000 евра. Но, кога ќе ги најдете треба да знаете дека тие ми се од таа и таа продадена нива. Логично, а не да чекате после два дена да бидат откриени – рече Мицкоски.






Според премиерот подраматично е тоа што овој случај може да е еден од стотици, можеби илјадници случаи во историјата на независноста на државата.

– Суштината на проблемот лежи во два процеси. Првиот процес е изборот на стотици судии во Собранието во периодот 1994-1998, мислам дека беше 1996 година, кога се бираа по пат на едноумие, бидејќи, за жал, тогаш опозицијата реши да го бојкотира вториот изборен круг на изборите во 1994 година, па немаше свои претставници и тука во Собранието имаше едноумие. И денес тие судии му пресудуваат на народот на Македонија и на правдата на државата. Тоа е првиот, според мене, лош пример. И вториот лош пример е оној антиуставен имплант СЈО, кое до ден денес претставува проблем за правдата во Македонија – посочи Мицкоски.

Соѕиданите 350.000 евра се само последица, додаде тој.

– Којзнае колку има заѕидани такви илјадници евра и потрошени и изедени и испиени и не знам што. И затоа е таква перцепцијата на сите оние кои треба да бидат заштитници на правдата. Не се сите такви, мал дел се, но тој мал дел ги контаминира сите – изјави Мицкоски.

Тој забележа дека тоа е главната причина зошто нема правда во Македонија и се чувствува правна несигурност кај граѓаните и кај инвеститорите.

– Да оставиме судот да пресуди и тој што е виновен да одговара. Но, да ве потсетам, овој случај имаше и прво полувреме, ова со заѕиданите пари е второ полувреме. Мораме да ги гледаме холистички работите – рече тој.

За Владата друга опција и друг избор освен борбата за правда нема, додаде премиерот Христијан Мицкоски.

Поврзани содржини