СЕ БОРЕВ И ЗА БиХ И МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗАТ ВО ЕУ, ВЕЛИ ВУЧИЌ Идејата е регионот заеднички да се отвори кон Унијата
Српскиот лидер зборуваше во програмата на Федералната радиотелевизија на Босна и Херцеговина. Според него, доколку сите држави од регионот се приклучат кон Унијата или кон некаков облик полуевропска унија, границите би ја изгубиле својата сегашна тежина.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека неговата политичка борба околу европската интеграција не се однесувала само на Србија, туку и на Босна и Херцеговина и на Македонија. Тој ја отвори можноста земјите од Западен Балкан да напредуваат кон Европска Унија преку забрзана постапка, во ист пакет со Украина.
Српскиот лидер зборуваше во програмата на Федералната радиотелевизија на Босна и Херцеговина. Според него, доколку сите држави од регионот се приклучат кон Унијата или кон некаков облик полуевропска унија, границите би ја изгубиле својата сегашна тежина.
– За тоа се борев. Не само за Србија, туку и за Босна и Херцеговина и за Северна Македонија – рече Вучиќ.
Тој објасни дека се разработува посебен пристап во рамки на можен мировен договор поврзан со војната во Украина. Во таа рамка, Киев би можел да стане членка на Унијата од 1 јануари 2027 година. Вучиќ оцени дека таквиот модел би можел да отвори врата и за државите од Западен Балкан кои сè уште се надвор од ЕУ.
На прашањето дали ваквото сценарио е реално, одговори внимателно.
– Не сум сигурен, но не би ја исклучил таа можност – изјави српскиот претседател.
Во интервјуто тој се осврна и на обвинувањата поврзани со случајот познат како „Сараево сафари“. Тврдењата дека за време на војната во Босна и Херцеговина пукал од снајпер кон Сараево ги нарече ноторни лаги.
– Ниту убив, ниту пукав, ниту нешто слично – рече Вучиќ.
Тој го обвини хрватскиот новинар Домагој Маргетиќ дека со објавување документи води, како што кажа, специјална војна против него и против Србија.
– Домагој Маргетиќ е обичен измамник – додаде Вучиќ.
Вучиќ исто така потврди дека на почетокот на војната работел како новинар и како преведувач за српската телевизија во Пале, место кое се наоѓа недалеку од Сараево.