БРАЧЕН ПАР ГО ИСТЕПАЛ ТАТКОТО НА СОПРУГОТ Полицијата во Неготино ги привела

Неготинец и неговата сопруга во семејниот дом физички го нападнале 71-годишниот татко, односно свекор.

104

Во Неготино бил приведен брачен пар, обвинет за физички напад врз таткото на сопругот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 23:20 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино ги лишија од слобода 42-годишен неготинец и неговата 36-годишна сопруга, постапувајќи по претходна пријава, дека во семејниот дом физички го нападнале нивниот 71-годишен татко, односно свекор – појаснија оттаму.






Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, како што истакнаа, против брачниот пар ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини