ЧАИР ДОБИВА МОДЕРНА ИНФРАСТРУКТУРА На улицата Максут Садик започнува модерниот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“

Завршена улицата Максут Садик како дел од историска инвестиција од 220.000 евра, додека истовремено започнува изградбата на модерниот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 40 милиони евра.

73

Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити на денешната прес-конференција информираше за уште една нова инвестиција која веќе е финализирана – улицата Максут Садик.

– Уште една голема инвестиција-улицата Максут Садик е успешно завршена, а токму на овој ден започнува изградбата на модерниот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“. Улицата Максут Садик е веќе целосно завршена и подготвена да им служи на граѓаните, инвестиција реализирана според највисоките стандарди на квалитет, безбедност и функционалност. Со вредност од околу 220.000 евра, овој проект претставува уште еден значаен чекор во модернизацијата на урбаната инфраструктура на Чаир, рече Меџити.






Според него, оваа улица што ги поврзува населбите на Чаир со булеварот Никола Карев и Универзитетот „Мајка Тереза“, е претворена во значајна артерија која го олеснува движењето.

– Благодарение на блиската соработка помеѓу Владата и Општина Чаир, оваа улица што ги поврзува маалата на Чаир со булеварот Никола Карев и Универзитетот „Мајка Тереза“ се трансформираше во важна развојна артерија, што го олеснува сообраќајот и ја зголемува урбанистичката и економската вредност на овој дел од градот. Симболиката е извонредна: на истиот ден кога завршува улицата што води кон знаењето, започнува изградбата на модерниот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ – историска инвестиција од 40 милиони евра – истакна кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити.

Поврзани содржини