ПОЧИНА 13-ГОДИШНИКОТ ИЗБОДЕН ВО ЧАИР Tри недели се бореше за живот во болница
Момчето било тешко повредено во пресметка меѓу две групи на улицата „Македонско-косовска бригада“. Полицијата по тепачката одзела три ножа, гумена палка и други предмети.
Три недели лекарите се бореa за животот на 13-годишното момче тешко повредено со нож во Чаир. Детето им подлегнало на повредите, откако од 31 август бeше хоспитализирано во критична состојба.
Тепачката се случила околу 22 часот на улицата Македонско-косовска бригада во Скопје. Во пресметката меѓу две групи учествувале 5 лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице.
Според тогашните информации од МВР, во тепачката биле употребени ножеви. Полицијата подоцна одзела 3 ножа, гумена палка и други предмети.
Повредени биле повеќе лица, но најтешко поминало 13-годишното момче.
Веста за смртта на момчето беше објавена доцна на 23 септември од повеќе медиуми на албански јазик.