ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ДЕТЕ ПО СУДИР СО АУДИ Возилото е одземено по насока на обвинител

Малолетникот со возило на Брза помош е пренесен во „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

36

Малолетен пешак од Скопје е тешко повреден во сообраќајна незгода што попладнево се случила на улицата Славеј Планина во Скопје.

Незгодата се случила околу 16 часот, кога се судриле автомобил „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 25-годишниот Б.С., и малолетниот пешак.






Детето било повредено и со возило на Брза помош било пренесено во Ургентниот центар „Мајка Тереза“. Таму лекарите констатирале тешки телесни повреди.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по негови насоки возилото било одземено поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ од член 297-а од Кривичниот законик.

По целосното документирање на случајот, против возачот Б.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини