ЧОВЕЧКИ ЛЕШ ПРОНАЈДЕН ВО БАРДОВЦИ Телото било во канал во близина на здравствена установа
Телото било пронајдено во канал во близина на ограда од јавна здравствена установа, а по увидот било предадено на обдукција.
Човечки леш бил пронајден во канал во Бардовци, во близина на ограда од јавна здравствена установа.
Случајот бил пријавен вчера, 26 септември, околу 16 часот во Полициската станица Карпош.
На местото излегла екипа на СВР Скопје, која извршила увид, по што телото било подигнато и предадено на обдукција.
Засега нема информации за идентитетот на починатото лице, ниту за причината за смртта. Се очекува обдукцијата да даде повеќе информации за случајот.