ТРОЈЦА ГО НАПАДНАЛЕ, ЕДЕН ГО УДРИЛ СО ГАСЕН ПИШТОЛ Насилство во Ѓорче Петров

Откако напаѓачот го удрил 23-годишниот скопјанец, испукал неколку куршуми во воздух од гасниот пиштол.

0

Tројца мажи нападнале 23-годишен скопјанец во Ѓорче Петров, а еден од нив го удрил со пиштол, за кој се претпоставува дека е гасен, по што испукал неколку куршуми во воздух и кон него.

С.Д. во полиција пријавил дека нападот се случил на 9 ноември, околу 21 часот. Според неговата пријава, во нападот учествувале Н.Т., Г.Ш. и Љ.Ш., а Н.Т. најпрвин го удрил со пиштол, а потоа пукал неколкупати.






Случајот го пријавил во СВР Скопје следниот ден, околу 5.30 часот. Полицијата презема мерки за негово расчистување.

Поврзани содржини