УАПСЕН СКОПЈАНЕЦ КОЈ ДИВЕЕЛ ВО АВТОБУС ЗА ДРАЧЕВО Нападнал патници, возачот, полицајци..

Потоа насилниот патник излегол надвор од автобусот и оштетил патничко возило

0

На подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје вчера го упасија А.М.(27) од Скопје по претходна пријава дека најпрвин во автобус физички нападнал неколку патници како и возачот на кого се обидел да му го одземе мобилниот телефон.

Потоа насилниот патник излегол надвор од автобусот и оштетил патничко возило, а откако пристигнала полицијата физички нападнал полициски службеници. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира полицијата.






Поврзани содржини