📷КАМЕНИОТ МОСТ ДОБИВА НОВ СЈАЈ Граѓани објавија фотки од новиот изглед
Симболот на Скопје доби нови светла.
Групата Стари Скопјани на Фејсбук објави фотографии од новото осветлување на Камениот Мост во Скопје.
Неодамна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека проектот за новото ноќно светло на мостот е во соработка со општина Есенлер од Република Турција, а треба да ги нагласи архитектонските и историски карактеристики на овој објект.
