„МЕГА ЛИФТОВИ“ ГО ОСВОИ ТУРНИРОТ „ОЛИВЕР СОКОЛОВ СОКОЛ“ Натпреварите беа следени од бројна публика

0

На спортското игралиште во Карпош 1, синоќа се одигра финалниот натпревар од меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“. Екипата на „Мега лифтови“ со убедлива и сигурна игра ја совлада екипата на „Руди компани“ и го освои победничкиот пехарот на овогодинешниот турнир, информира Општина Карпош.

На големото финале присуствувал и градоначалникот Сотир Лукровски кој им ги врачил пехарите на најдобрите екипи.






– Чест ми е што Општина Карпош и годинава беше домаќин на меморијалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“, кој низ годините прерасна во препознатлив дел од спортскиот живот на општината. Посебно ми е драго што натпреварите беа проследени од голем број на граѓани, а тоа само го потврдува фактот дека спортот има посебно место во Карпош. Им честитам на победниците, но и на сите екипи кои беа дел од турнирот и покажаа фер-плеј и спортска атмосфера – истакна градоначалникот Лукровски.

Поврзани содржини