📽️ ЗВЕРЕВ ГО ЗАДАДЕ ЗАВРШНИОТ УДАР Тимот Европа повторно го освои Лејвер Купот

Александер Зверев го совлада Лернер Тиен со 7:6, 6:3 и го донесе решавачкиот поен за европскиот тим во Лондон.

1

Тимот Европа повторно е освојувач на Лејвер Купот, откако во Лондон го совлада Тимот на светот со убедливи 13:5.

Минатата година во Сан Франциско славеше Тимот на светот со 15:9, но Европа сега успеа да го врати трофејот во свои раце.






Решавачкиот поен го донесе Александер Зверев, кој во последниот меч го совлада Лернер Тиен со 2:0 во сетови, 7:6(3), 6:3.

Германецот одигра сигурно во клучните моменти, го доби првиот сет во тај-брејк, а потоа во вториот сет направи доволно за да ја запечати победата и да го потврди триумфот на европскиот тим.

Пред Зверев, Флавио Коболи и Јакуб Меншик ја отворија програмата во неделата со победа во двојки. Тие ги совладаа Алекс де Минаур и Тејлор Фриц со 7:5, 6:3 и му донесоа три важни поени на Тимот Европа.

Европа во последниот ден влезе со предност од 7:5, а бидејќи неделните мечеви носат по три поени, тимот на Јаник Ноа знаеше дека му се потребни две победи за да го обезбеди трофејот. Тоа и го направи – прво преку Коболи и Меншик во двојки, а потоа и преку Зверев.

За Јаник Ноа ова е прв трофеј како капитен на Тимот Европа. Тој ја презеде капитенската функција во 2025 година, а ова беше второ учество на Европа под негово водство.

Лејвер Купот годинава се играше од 25 до 27 септември во „О2 Арена“ во Лондон, а со триумфот Европа стигна до својот шести трофеј во историјата на натпреварувањето.

Поврзани содржини