БИЛ АГРЕСИВЕН КОН ПОЛИЦАЈЦИ Скопјанец е приведен во Кавадарци

109

Скопјанец бил приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување и нарушен јавен ред и мир, информирад Секторот за внатрешни работи Велес.

„Синоќа во 23.25 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа Б.Н.(42) од Скопје, затоа што во Моклиште, кавадаречко, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување, а при спроводот во полициска станица агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. Б.Н. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

Поврзани содржини