ЈА ФРЛИЛ НА ЗЕМЈА И Ѝ ЗЕЛ 3.000 ДЕНАРИ ЗА ДРОГА Тешко повредена пензионерка по брутален напад

Полицијата го најде и приведен 21-годишниот осомничен од Кавадарци, а при претресот биле пронајдени дел од украдените пари, мобилниот телефон, како и бела грутчеста материја за која се сомнева дека е дрога.

695

21-годишен жител на Кавадарци заврши зад решетки откако брутално ограбил 75-годишна жена во влез на зграда на улицата Благој Крстиќ, со цел да се стекне со пари за дрога.

Инцидентот се случил околу 21 часот, кога младиот напаѓач ја турнал В.А. (75) и ѝ ја одзел ташната во која имала 3.000 денари и мобилен телефон марка „Моторола“. Жената при падот се здобила со тешки телесни повреди и итно била пренесена во болницата во Кавадарци, каде што ѝ биле констатирани сериозни повреди.






Полицијата веднаш реагирала, а во близина на местото на настанот ја пронашле ташната. При претрес на осомничениот А.П., биле пронајдени дел од украдените пари, мобилниот телефон, како и бела грутчеста материја за која се сомнева дека е дрога.

Напаѓачот е задржан во полициска станица, а случајот е пријавен кај јавен обвинител. По целосно документирање на кривичните дела, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани содржини