СЕМЕЈСТВОТО НА ФРЕДИ МЕРКЈУРИ ВО ЖЕСТОКА ВОЈНА СО НЕГОВАТА ПОРАНЕШНА ДЕВОЈКА Ѝ дале милиони, таа му ги продала работите

Кашмира Булсара (73), сестра на легендарниот Фреди Меркјури (вистинско име Фарук Булсара), наводно е бесна на неговата поранешна девојка Мери Остин поради продажбата на личните работи на Фреди.

290

Кашмира Булсара (73), сестра на легендарниот Фреди Меркјури (вистинско име Фарук Булсара), наводно е бесна на неговата поранешна девојка Мери Остин поради продажбата на личните работи на Фреди.

„Кашмира беше лута и вознемирена што виде толку многу предмети на нејзиниот сакан брат ставени на продажба од неговата поранешна девојка“, рекол извор близок до сестрата на Меркјури. Затоа Кашмира заедно со синот Џамал ​​Зук и личната асистентка тајно учествувале на аукцијата во Сотби, каде на крајот потрошила 3 ​​милиони фунти за некои од предметите, пишува британски „Сан“.






„Одвоија огромен буџет, па всушност беа многу задоволни со конечната бројка, и покрај тоа што платија значително повеќе од проценетата цена за секој артикл. Се разбира, Кашмира цени колку Фреди беше обожаван ширум светот, но беше тажна од помислата дека некои од неговите сентиментални предмети нема да бидат со неговите најблиски“, рече изворот.

Меѓу предметите што наводно ги купила Кашмира се џубокс, елек со мачките на Фреди што музичарот го носел на снимањето на спотот за песната „These Are The Days Of Our Lives“ и осум страници работни верзии на текстот на песната „Killer Queen“.

Да се ​​потсетиме дека Мери и Фреди се запознале во 1970 година кога тој се преселил од родниот Занзибар во Лондон. Три години подоцна почнале да живеат заедно, но во 1976 година Фреди ѝ признал дека е геј, по што раскинале. Иако никогаш не се венчале и покрај неговата сексуална ориентација, Фреди во неколку наврати ја нарекувал Мери како негова сопруга. Тие останаа во добри односи до неговата смрт во 1991 година.

Поврзани содржини