📽 „СТОКОМАК“ ГО ОТВОРИ ПРВИОТ ОБЈЕКТ ВО СРБИЈА Дисконтот во Пирот се простира на 600 квадратни метри

Целокупната инвестиција на „Стокомак“ во Србија за почеток е околу 5 милиони евра, но плановите се да се прошири бизнисот.

169

„Стокомак“ денеска во Пирот го отвори првиот објект во Србија кој има од 600 квадратни метри продажен простор.

-На понуда се околу 1.400 артикли – изјави Зоран Младеновиќ, извршен директор на компанијата Стокомак за Србија.






Според него, планот за Србија е да почне од овој регион, југ и југоисточен.

-Планирано е во следните неколку месеци да се отворат 8 продавници во оваа област. Во понудата се квалитетни производи од светски брендови, српски производи, како и брендови на Стокомак – вели Младеновиќ.

Целокупната инвестиција за почеток е околу 5 милиони евра, но плановите се да се прошири бизнисот.

Првата фаза предвидува отворање модерни дисконти покрај Пирот и во  Ниш, Параќин, Лесковац и во Панчево, а се преговара и за други локации. Централата на компанијата во Србија е во Ниш.

Pirot Plus Online објави видео од внатрешноста на објектот.

Поврзани содржини