ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВЛАСТА ДОНИРАА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ „Само заедно можеме да ги надминеме предизвиците“

„Оваа донација е израз на нашата посветеност кон народот и вербата дека само заедно можеме да ги надминеме предизвиците. Ги повикуваме сите кои се во можност да се приклучат во духот на хуманоста и солидарноста“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

961

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ја покажува својата безрезервна поддршка за нашите сограѓани во најтешките моменти, се вели во Фејсбук објавата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите пратеници донираа парични средства на Сметката на Фондот за солидарност на Црвениот крст на РМ, со цел да помогнат на настраданите граѓани во пожарот во Кочани. Оваа донација е израз на нашата посветеност кон народот и вербата дека само заедно можеме да ги надминеме предизвиците. Ги повикуваме сите кои се во можност да се приклучат во духот на хуманоста и солидарноста“, се вели во соопштението.






Поврзани содржини