📽️ „ИЗВИНИ EМАНУЕЛ, ЌЕ ТЕ БАРАМ ЗА 15 МИНУТИ“ Зеленски го „откачи“ Макрон додека разговараше со новинари

„Да, те молам, ти благодарам Емануел, одлично, добро, збогум“, му вели Зеленски на францускиот претседател.

1,602

Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски одговараше на прашања на новинари преку видео-конференциска врска, во еден момент неговото внимание го привлече повик на мобилниот телефон – на линијата беше францускиот претседател Емануел Макрон.

На видеото објавено на платформата Икс, јасно се гледа како Зеленски среде одговор на прашање од новинарка го зема телефонот и вели:






„Извинете, Емануел, имам разговор со новинарите, може ли да ви се јавам за 15-20 минути?“

По кусата пауза, во која очигледно добил потврден одговор од Макрон, украинскиот претседател додаде:

„Да, те молам, ти благодарам Емануел, одлично, добро, збогум.“

 

Новинарите, изненадени од моментот, веднаш го прашаа дали навистина разговарал со францускиот претседател, на што Зеленски со насмевка одговори:

„Да, само што разговарав со претседателот Макрон. Разговараме многу често, речиси еднаш дневно.“

Овој неочекуван момент покажа колку блиски и интензивни се комуникациите помеѓу лидерите на Украина и Франција, особено во контекст на тековните геополитички случувања.

Поврзани содржини