МЕТЈУ ПЕРИ ПРИМИЛ 27 ИНЈЕКЦИИ КЕТАМИН ЗА ТРИ ДЕНА Нови страшни детали од смртта на познатиот актер, вклучен и неговиот колега
Познатиот актер, засекогаш запаметен по улогата во „Пријатели“, е еден од најомилените актери меѓу обожавателите на серијата. Сепак, неговата смрт предизвика многу прашања.
Холивуд претрпе голем удар со загубата на Метју Пери. Познатиот актер, засекогаш запаметен по улогата во „Пријатели“, е еден од најомилените актери меѓу обожавателите на серијата. Сепак, неговата смрт предизвика многу прашања.
Како што минуваат месеците, вистината за овој шокантен случај полека излегува на виделина. Благодарение на објавувањето на новиот документарен филм за смртта на актерот, насловен „Метју Пери: Холивудска трагедија“, се открива вистината за тоа што се случило во последните денови од животот на актерот.