СЕСТРИТЕ НА МЕТЈУ ПЕРИ ГО НАПАДНАА АСИСТЕНТОТ „Се обидуваше да нè одврати од вистината дека му инјектирал кетамин и го оставил да умре во џакузи“
Кенет Ивамаса се изјасни за виновен по едно обвинение за заговор за дистрибуција на кетамин поврзано со смртта на Метју Пери во август 2024 година
Сестрите на Метју Пери, Кејтлин и Медлин Морисон, го критикуваа асистентот на Пери, Кенет Ивамаса, за тоа што му овозможил на нивниот брат да користи дрога и го опишаа чувството на предавство што го почувствувале откако дознале за неговите постапки во изјавите за влијанието врз жртвите кои ги доби PEOPLE.
Ивамаса се изјасни за виновен за заговор за дистрибуција на кетамин, во врска со смртта на Пери.
Во изјавите за влијанието врз жртвите, сестрите на Пери ја опишаа болката поради сознанието што навистина му се случило на нивниот брат.
– На многу начини, се чувствував како мојот брат повторно да умрел – напиша Медлин.
Ивамаса бил пријател и асистент на Пери цели 25 години, а обвинителството за него бара казна од 41 месец затвор, пишува „Пипл“.
Кенет Ивамаса, кој денес треба да ја слушне пресудата, во 2024 година се изјаснил за виновен по точка од обвинението за заговор со цел дистрибуција на кетамин што довел до смрт. Тој признал дека ѝ инјектирал на ѕвездата од „Пријатели“ дисоцијативен анестетик три пати на денот на смртта, како и во претходни прилики.
Во пресрет на пресудата, мајката на Пери, Сузан Морисон, и неговите полусестри Кејтлин и Медлин напишале изјави во кои детално ја опишале измамата на Ивамаса.
Медлин навела дека сега ѝ се „болно јасни“ моментите што покажуваат дека Ивамаса ја криел вистината од семејството. Се присетила на доаѓањето во куќата на брат ѝ за да избере облека за погребот и забележала дека „Кени делувал манично и вознемирено“.
– Повеќепати сам од себе ја нудеше својата верзија на настаните, иако никој не го прашуваше, како да е на интервју, а не во жалост за пријател… Во реалноста, се обидуваше да нè одврати од вистината: дека на мојот брат му инјектирал смртоносна доза кетамин и го оставил да умре во џакузи – напишала таа.
– Најважната работа на Кени беше да биде придружник и старател на мојот син во неговата борба против зависноста. Негова одговорност број еден – да се погрижи Метју да остане она што сакаше да биде: без дрога“, напиша мајката на Пери, 82-годишната Сузан.
– И кога го уби мојот син, внимателно ме следеше – додаде таа.