МАКЕДОНЕЦ ВОЗЕЛ 184 КМ/Ч ЧАС КАЈ БУЈАНОВАЦ И ПОВРЕДИЛ ПОЛИЦАЕЦ 22-годишно момче е уапсено бидејќи уништило полициско возило и радар, а штетата е над 17.000 евра

Оштетен е и полицискиот радар при ударот. Материјалната штета што настана во таа прилика се проценува на над 2 милиони динари, вели обвинителот од Бујановац Бобан Накиќ.

3,911

Македонски државјанин вчера бил уапсен откако возел 184 км/ч на автопатот кај Бујановац. Во таа прилика повредил полицаец, удрил и оштетил полициско возило, а оштетил и полициски радар.

Ова за српски Курир го потврди Бобан Накиќ, јавен обвинител во Бујановац.






– Изредив приведување на државјанин на С.Македонија Ј.А.(2002) бидејќи денеска на автопатот кај Бујановац возел 184 километри на час, удрил во службено полициско возило и повредил полициски службеник. Оштетен е и полицискиот радар при ударот. Материјалната штета што настана во таа прилика се проценува на над 2 милиони динари – рече Накиќ.

Неофицијално, несреќата се случила на делницата од автопатот меѓу Бујановац и Прешево.

Поврзани содржини