НА СКОПЈАНЕЦ МУ СЕ ЗАПАЛИЛА ВЛЕЗНАТА ВРАТА ОД СТАНОТ Нема повредени во инцидентот
Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, била опожарена влезна врата од стан, сопственост на 64-годишниот Љ.А. од Скопје.
Во саботата, на скопјанец му се запалила влезната врата од станот, но инцидентот завршил без повредени лица.
„Денеска, на 11 јануари 2025 година, во 02.32 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, била опожарена влезна врата од стан, сопственост на 64-годишниот Љ.А. од Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Повредени лица нема.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.