ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА НЕМА ДА ГО НАПРАВИ ФИЛИПЧЕ ЛИДЕР НА ОПОЗИЦИЈАТА Сакаат да се факторизираат без работа, обвини ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ комплетно се лаже дека барањето за лидерска средба, ќе го направи Филипче лидер. Филипче треба да знае дека ниту Заев, ниту лидерска средба нема да го направи лидер на опозиција, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
По изборите на 8 мај кога граѓаните му дадоа црвен картон на СДСМ, наместо да наоѓа начин за консолидирање, бара начин за факторизирање на општествената и политичката сцена, без работа на терен, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„СДСМ комплетно се лаже дека барањето за лидерска средба, ќе го направи Филипче лидер. Филипче треба да знае дека ниту Заев, ниту лидерска средба нема да го направи лидер на опозиција. Филипче најдобро да си излезе на терен и да се соочи со реалната ситуација, а тоа е негативното мислењето на народот за нив. Во СДСМ ако толку многу сакаат да зборуваат за некоја тема, слободно можат тоа да го направат во Парламентот, ама со оглед на тоа што немаат што да кажат апсурдно повикуваат на лидерска средба преку медиумите, сѐ со цел да се факторизираат. На сите им е јасно дека СДСМ е на колена, дека е партија без кредибилитет, која се занимава само со криминални политики, и која направи грабеж и банкротирање на државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.