НЕ ГИ МРДААТ АВТОБУСИТЕ И НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД БАРАЊАТА Нова повисока цена за услугата или бојкотот продолжува, порачаа приватните превозници

Одлуката на приватните превозници да сообраќаат само по 17 часот останува во сила, откако нивното барање за зголемување на цената по изминат километар не беше прифатено за разгледување.

846

Ситуацијата со градскиот превоз во Скопје останува на алармантно ниво, додека граѓаните се соочуваат со сериозни предизвици во обезбедувањето на редовен јавен превоз.

Одлуката на приватните превозници да сообраќаат само по 17 часот останува во сила, откако нивното барање за зголемување на цената по изминат километар не беше прифатено за разгледување.






Приватните превозници Јофи Бус ДОО од јавниот градски превоз во Скопје предлагаат координаторите на советничките групи, Град Скопје или Владата да закажат проширен состанок со Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) за изнаоѓање излез од кризата со јавниот градски превоз, рече претставникот на приватните превозници Јофи Бус ДОО, Јовица Зафировски.

– Јавниот превоз во градот Скопје не е на нивото што треба да биде, затоа ние како приватни превозници решивме да предложиме до надлежните да се закаже состанок на повисоко ниво за да може да излеземе од оваа ситуација. Предлагаме до координаторите на советничките групи, Град Скопје, Владата на Р. Македонија, до сите стручни лица кои што се во јавниот превоз, ние приватните превозници, заедно со ЈСП да седнеме на еден проширен состанок за да најдеме излез од оваа криза. Јавно упатуваме апел што побрзо да се одржи тој состанок, за да можеме да излеземе од оваа ситуација – рече Зафировски.

Еден од проблемите со кој се соочуваат приватните превозници, Зафировски вели е цената за изминат километар, која во моментов изнесува 70 денари, а според цената на нафта, рече, треба да биде околу 120 денари.

– Како што знаете имаме повеќе проблеми, еден од проблемите е цената за изминат километар. На последната седница на Совет, иницијативата беше повлечена со цел да се доработи, затоа за да нема недоразбирања, најдобро е да се одржи таков тип на состанок…имаме повеќе од 200 автобуси кои не се искористени, едноставно со оваа цена ние не можеме да издржиме… Цената за изминат километар во моментов е околу 70 денари. Ние имаме направено анализа кај професорот Кастановски и Иво Дуковски која вели цената во моментов треба да биде, според цената на нафта, околу 120 денари. Сакам да додадам дека цената во Белград е 138 денари плус ДДВ, во Софија е 144 денари плус ДДВ, мислам дека и во Тирана е околу 130 денари плус ДДВ – рече Зафировски.

Инаку, граѓаните, кои летово издржаа екстремно високи температури на автобуските постојки, сега се принудени на долгочасовно чекање и по студеното време, додека градските власти бараат трајно решение за проблемот.

Во меѓувреме, вниманието е насочено кон дебатата за можната донација на автобуси од Белград од марката „Соларис“.

Поврзани содржини