ИЗГУБИЛА КОНТРОЛА И СЕ ПРЕВРТЕЛА СО ВОЗИЛОТО Тешко повредена 21-годишна скопјанка, сопатничката минала со полесни повреди
Несреќата се случила околу 8 часот наутро на улицата Индира Ганди. Возачката се здобила со тешки телесни повреди, а 19-годишната сопатничка со телесни повреди.
21-годишна девојка е тешко повредена, а нејзината 19-годишна сопатничка се здобила со телесни повреди откако автомобил „фолксваген поло“ се превртел на улицата Индира Ганди во Скопје.
Сообраќајната несреќа се вчера околу 8 часот наутро. Според информациите од полицијата, 21-годишната М.Х. од Скопје, која управувала со автомобилот, изгубила контрола над возилото, по што тоа се превртело.
М.Х. се здобила со тешки телесни повреди, додека нејзината 19-годишна сопатничка Е.А., исто така од Скопје, била повредена. Повредите биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Полициска екипа извршила увид на местото на несреќата.