ГО НАПАДНАЛЕ НА ГОЛЕМ ОДМОР И МУ ИЗВАДИЛЕ ПИШТОЛ Татко пријавил дека двајца го нападнале неговиот 16-годишен син
Нападот се случил за време на големиот одмор во Шуто Оризари. Според МВР, едно од двете лица извадило пиштол, но не пукало. Случајот го пријавил таткото на ученикот.
Шеснаесетгодишен ученик бил физички нападнат од две лица пред средно училиште во скопската општина Шуто Оризари. Инцидентот се случил за време на големиот одмор, а ситуацијата добила дополнителна сериозност кога еден од напаѓачите извадил пиштол.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, од оружјето не било пукано.
Случајот бил пријавен на 19 октомври, околу 16 часот, во СВР Скопје. Нападот го пријавил Р.С. (41), татко на малолетниот ученик.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до нападот.