ФРАНЦИЈА ЌЕ ИМ ДАДЕ БЕСКАМАТЕН КРЕДИТ ДО 50.000 ЕВРА НА ОГРАБЕНИТЕ ПРОДАВНИЦИ ВО ПРОТЕСТИТЕ Регионите подготвуваат и посебна помош за продавниците
Кредитите ќе бидат одобрени од јавната инвестициска банка Бпифранс, а трговците ќе мора да поднесат извештај за штета до нивната осигурителна компанија за да ги добијат.
Француската влада од петок воведува бескаматни заеми до 50.000 евра за продавниците кои беа нападнати од ограбувачи и вандали за време на демонстрациите на 17 и 18 октомври, објави денес министерот за економија Роланд Лескир.
Кредитите ќе бидат одобрени од јавната инвестициска банка Бпифранс, а трговците ќе мора да поднесат извештај за штета до нивната осигурителна компанија за да ги добијат, објавува Фигаро.
Целта е што поскоро да им се обезбедат средства на компаниите за да ја покријат штетата и да продолжат со својот бизнис.
На состанокот со претставници на бизнисот во Министерството за економија во Париз, француската влада објави формирање Фонд за поддршка на бизниси и продавници со помалку од 50 вработени.
Условите за користење на средствата сè уште не се разработени, а помошта ќе го покрие и губењето на приходите од 17 октомври.
Регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег објави пакет помош од пет милиони евра, вклучувајќи индивидуални субвенции од 10.000 евра за секоја погодена продавница.
Локалните власти во регионот Лион, исто така, започнаа со подготовка на помош.
Владата во Париз, исто така, ќе овозможи поедноставно одложување и плаќање на даночните обврски на рати за бизнисите што претрпеле штета.
Министерот за јавни сметки, Давид Амијел, се залагаше за забрзување на законскиот проект што би ја зајакнал обврската на сторителите да ја надоместат штетата, како и за можноста за одбивање на нелегално стекнатиот приход од социјалните бенефиции.