📽️ ЕЛЕНА ПЕТРЕСКА ЗАПЕА СРЕД БРИСЕЛ Една од нашите најдобри вокалистки ѝ го украде шоуто на уличната пејачка во белгискиот град

Нашата пејачка покажа дека дури и кога апансас ќе запее на улица, со својот вокал ги воодушевува сите. Иако е видеото кратко, очигледно е дека и толку е доволно за да го украде шоуто и да го привлече вниманието. 

118

Македонската пејачка Елена Петреска, која веќе неколку години живее и работи во Белгија, заедно со своето семејство, објави на социјалните мрежи фотографии од своето омилено место во Брисел, но и кусо видео во кое таа ѝ се придружува на уличната пејачка.

Нашата пејачка покажа дека дури и кога апансаз ќе запее на улица, со својот вокал ги воодушевува сите. Иако е видеото кратко, очигледно е дека и толку е доволно за да го украде шоуто и да го привлече вниманието.






Елена отпеа дел од една од најпознатите песни на Мајкл Џексон, Billie Jean. 

Кога уличната изведувачка ја праша како се вика, нашата Елена мораше двапати да ѝ повтори.

– Како се викате? – праша уличната пејачка.

– Елена.

– Еленор?

– Елена – повтори уште еднаш таа и им отпоздрави на луѓето кои ја слушаа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Petreska (@elenapetreska___)

Елена Петреска повеќе од две децении професионално се занимава со музика, а долго беше вработена и како оперска пејачка во Националната опера и балет.

Со семејството замина во Белгија поради работата на нејзиниот сопруг, заедно со нивните две деца Михаел (11) и Софиа (10).

Поврзани содржини