📽 ДАЛИ БЕШЕ ТОА НАЈMOЌНИОТ УКРАИНСКИ УДАР СО ДРОН? Нападот врз руското складиште во Твер го потврдија и сателитите
Големината на главната експлозија прикажана на снимките од социјални мрежи може да е соодветна на искористени 200 до 240 тони силен експлозив, смета Џорџ Вилијам Херберт од Институтот за меѓународни студии Мидлбери во Монтереј во Калифорнија.
Украинската армија во средата со дрон погоди едно од најголемите складишта за ракети и муниција во руската област Твер. Според информациите утринава уште одекнуваат детонации, а пожарот зафатил површина од пет квадратни километри. Се вели дека ова може да е еден од најсилните украински удари на руска територија.
Според воените блогери, нападот предизвикал експлозија со големина на земјотрес принудувајќи ги жителите на блискиот град да се евакуираат.
Големината на главната експлозија прикажана на снимките од социјални мрежи може да е соодветна на искористени 200 до 240 тони силен експлозив, смета Џорџ Вилијам Херберт од Институтот за меѓународни студии Мидлбери во Монтереј во Калифорнија.
One more video of the ammunitions detonating in Toropets, Tver region.
Ukrainians are so happy that all this won’t be flying on our heads. Glory to our Warriors who made this possible! https://t.co/BMxvJ0HMwY pic.twitter.com/JWGXu8BHm3
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 18, 2024
⚡️A massive blaze has erupted at a warehouse storing highly flammable fuel and lubricants in Yaroslavl, Russia.
The fire is spreading rapidly, with thick black smoke visible from miles away. The cause of the blaze remains unknown. pic.twitter.com/o628vSwFlC
— KyivPost (@KyivPost) September 17, 2024
Непроверената снимка и фотките на социјалните мрежи покажаа огромна огнена топка која експлодира високо на ноќното небо и повеќекратни детонации како грмеат низ езерото на околу 380 километри западно од Москва, јавува Ројтерс.
Сателитите на НАСА детектирале извори на топлина што произлегуваат од површина од околу 14 квадратни километри на местото во раните утрински часови и станиците за следење на земјотресите го открија она што сензорите мислеа дека е мал земјотрес.
Игор Руденја, гувернер на областа Твер, изјави дека се соборени украински беспилотни летала, дека избувнал пожар и дека некои жители се евакуирани. Не кажа што гори. Една жена изјави за Ројтерс дека членовите на нејзиното семејство биле евакуирани од Торопец.
– Пожар започна со експлозии – рекла жената, давајќи го само како информација само своето име – Ирина.
Извор од украинската служба за државна безбедност СБУ изјави за Ројтерс дека нападот со беспилотни летала уништил магацин во кој се чувале проектили, наведувани бомби и артилериска муниција. Засега нема коментар од украинската влада.
Русија и Украина објавија дека извршиле десетици непријателски напади со беспилотни летала кон противничката територија во текот на ноќта, при што руските сили велат дека напредувале во источна Украина.
Русија објави дека нејзините единици за противвоздушна одбрана уништиле 54 беспилотни летала лансирани против пет руски региони во текот на ноќта, без да го спомене регионот Твер. Украина соопшти дека соборила 46 од 52 беспилотни летала лансирани од Москва во текот на ноќта и дека Русија употребила три ракети со наведувани воздушни проектили кои не стигнале до нивните цели.
Според извештајот на руската државна новинска агенција РИА од 2018 година, Русија градела арсенал за складирање проектили, муниција и експлозиви во Торопец.
Дмитриј Булгаков, тогашен заменик-министер за одбрана, изјави за РИА во 2018 година дека објектот може да го брани оружјето од проектили, па дури и од мал нуклеарен напад. Булгаков беше уапсен претходно оваа година под обвинение за корупција. Тој ги негира обвиненијата.
Tоропец е град стар 1.000 години и броеше 11.000 жители до денешната принудна евакуација.