ЌЕ ДУВА СИЛЕН ВЕТЕР Утрото свежо, денот есенски

654

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.

Наутро ќе биде посвежо, преку денот променливо облачно со локални врнежи од дожд особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен ветер од западен до југозападен правец кој претежно во југозападните делови од земјата ќе е силен со над 70 километри на час.






Во Скопје денеска времето ќе  променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб краткотарен дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20-от степен.

Температурите во следниот период ќе се задржат пониски, а кон средината на неделата наместа се очекуваат и пообилни врнежи.

Поврзани содржини