ОД ИГРАЧКА ПЛАЧКА Малолетник си го застрелал пријателот со воздушен пиштол

Според пријавеното, момчето се здобило со повредата околу 15.00 часот во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, додека со негов малолетен другар биле во домот, а другарот случајно испукал од воздушен пиштол и го погодил.

527

Малолетно момче на подрачјето на Кисела Вода по грешка си го повредило пријателот со воздушен пиштол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 10 септември 2024 година, во 16.17 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Скопје.






Според пријавеното, тој се здобил со повредата околу 15.00 часот во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, додека со негов малолетен другар биле во домот, а другарот случајно испукал од воздушен пиштол и го погодил.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Поврзани содржини