ПРОДОЛЖУВА ДА РАБОТИ ВО БОЛНИЦА Лекарот уапсен за смртта на Метју Пери пуштен на слобода
Неодамна пет лица беа уапсени за смртта на познатиот актер Метју Пери, а еден од нив е лекарот Салвадор Пласенсија (42).
Неодамна пет лица беа уапсени за смртта на познатиот актер Метју Пери, а еден од нив е лекарот Салвадор Пласенсија (42).
Тој е обвинет за дистрибуција на приближно 20 шишињасо кетамин на Метју Пери во неделите пред неговата смрт, пренесува „Унилад“.
Обвинителите тврдат дека Славадор ги снабдувал актерот и неговиот помошник со кетамин. Тие, исто така, тврдат дека тој за снабдувањето им зел 55.000 долари во периодот од 20 септември 2023 година до 28 октомври 2023 година, денот кога починал Пери.
По извештаите дека Пласенсија ќе се врати на работа, неговиот адвокат потврди дека докторот, всушност, планира да продолжи со својата работа во клиниката за итни случаи. Адвокатот Стефан Сакс не откри повеќе детали за тоа кога Пласенсија ќе се врати, според „Ен-би-си њус“.
Тој се изјаснил за невин по една точка од обвинението за заговор за дистрибуција на кетаминот, а му била одредена кауција од 100.000 долари.
За потсетување, истрагата откри широка криминална мрежа на добавувачи на кетамин кои му го испорачувале лекот на Пери и ги искористиле неговите проблеми со зависноста. Освен споменатиот лекар, уапсени се уште четири лица.
Двајца лекари, личните асистенти на Метју Пери, како и дилерка од Лос Анџелес позната како „кралицата на кетаминот“ се лишени од слобода. Полицијата имала увид во СМС-пораките што ги разменувале пријавените и било констатирано дека петмината го измамиле актерот и се стекнале со финансиска корист.
Утврдено е дека обвинетите му набавиле кетамин на Пери, помошникот му вбризгувал дози, а обдукцијата покажала дека актерот починал од предозирање со кетамин.
Една текстуална порака испратена од лекарот Салвадор Пласенсија ја содржела реченицата:
„Се прашуваме колку овој идиот ќе ни плати.“