91,5% ОД ПОТРОШЕНАТА СТРУЈА Е ОД ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО Повеќе од половина од потрошената струја во април ја произвеле термоелектраните

Во април се потрошени 12.002 мил. нм3 природен гас, 415.631 тони јаглен и 85 745 тони нафтени продукти, соопшти Државниот завод за статистика.

675

Во април 2024 година во земјава вкупно се потрошени 437. 116 МWh електрична енергија, 12.002 мил. нм3 природен гас, 415.631 тони јаглен и 85 745 тони нафтени продукти, соопшти Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, домашното бруто производство на електрична енергија задоволува 91,5 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.






Податоците покажуваат и дека  99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, што укажува дека термоелектраните и во овој месец произвеле најголеми количини електрична енергија. Во овој месец бруто производството на термоцентралите изнесува  226.238 МWh електрична енергија, на  хидроелектраните  106. 379 мегавати, а на комбинираните централи 27. 843 мегавати. Во април бруто производството на струја од соларна енергија изнесува 21. 521 мегавати, ветерниците произвеле 12. 493, додека пак био-енергија е произведена во бруто износ од 5 .556 мегават часови.

Поврзани содржини