ДАЛИ ЌЕ ДОБИЕМЕ ЕВТИНА СТРУЈА И ВО САБОТИТЕ? Регулаторната комисија размислува за промени на тарафниот распоред
Како можност се разгледува и проширување на евтината тарифа во одредени периоди од викендот, кога потрошувачката на индустријата е помала, а на пазарот може да има вишок електрична енергија.
Регулаторната комисија за енергетика, РКЕ, размислува за промени во моделот на блок-тарифи и за продолжување на евтината тарифа за електрична енергија и во сабота. Целта е да се приспособи тарифниот модел на промените на енергетскиот пазар и зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори.
Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ информираше дека
РКЕ подготвува анализа на постојниот моделна блок-тарифи и евтината тарифа за електрична енергија, а можни се промени во периодите во кои домаќинствата плаќаат пониска цена.
Сепак, конечна одлука сè уште нема, бидејќи Комисијата ги очекува податоците и барањата од енергетските компании за следниот тригодишен регулиран период.
Според Ристов, еден од клучните проблеми е што постојниот модел е создаден во услови на енергетска криза, кога електричната енергија била најскапа во текот на денот. Во меѓувреме, со масовното производство од фотоволтаични централи, состојбата на пазарот значително се промени.
– Имаме евтина енергија преку ден, кога има хиперпродукција од фотоволтаиците, а навечер, кога ги нема, електричната енергија може да биде поскапа – посочува Ристов.
РКЕ размислува дали сегашниот распоред на евтината тарифа треба да се приспособи на новата енергетска реалност. Како можност се разгледува и проширување на евтината тарифа во одредени периоди од викендот, кога потрошувачката на индустријата е помала, а на пазарот може да има вишок електрична енергија.
РКЕ планира дигитална платформа за прибирање податоци од енергетскиот систем во реално или блиску до реално време. Целта е Комисијата да добива подетална слика за производството и потрошувачката на електрична енергијаи врз основа на тоа да носи одлуки за тарифите.
Ристов вели дека досегашниот начин на прибирање податоци, месечно, полугодишно или годишно, не е доволен за сериозни анализи.