📽 КРАЈ НА ДРАМАТА ВО РУСИЈА! Специјалците ги ликвидираа терористите и ги ослободија заложниците
Елиминирани се сите шест затвореници од истражниот затвор во Ростовската област кои тврдеа дека се припадници на терористичката организација Исламска држава, зедоа затворските службеници како заложници и бараа да им се обезбеди автомобил и да им се дозволи слободно да си заминат.
Киднаперите кои држеа двајца полициски службеници како заложници во истражниот затвор во Ростов на Дон се ликвидирани, а заложниците се ослободени, соопшти руската Федерална казнено- поправна служба.
„За време на специјалната операција за ослободување на заложниците во истражниот затвор број 1 на Федералната казнено-поправна служба на Русија во Ростовската област, криминалците беа елиминирани, а вработените кои беа држени како заложници беа ослободени и не беа повредени“ – се вели во соопштението, пренесува РИА Новости.
‼️ Gunfire is heard in the area of the detention center in Russian city of Rostov
Earlier, several terrorists affiliated with ISIS took the detention center’s staff hostage.
The captors say that they were preparing an attack and set a condition – to give them a car and a chance… pic.twitter.com/HD6UOaLZ4t
— NEXTA (@nexta_tv) June 16, 2024
Агенцијата наведува дека пред тоа две амбулантни возила пристигнале во истражниот затвор во Ростов на Дон, каде што претходно биле земени заложници и се слушало пукање.
Група затвореници од истражниот затвор во Ростовската област, кои ги зедоа затворските службеници како заложници, претходно побараа да им се обезбеди автомобил и да им се дозволи слободно да си заминат, изјавија за Интерфакс од службите за итна помош.
Тие тврдеа дека се членови на терористичката организација Исламска држава, која е забранета во Руската Федерација, наведува руската агенција.