НЕ МОЖЕ ДА СЕ ФОРМИРА ВЛАДА БЕЗ АЛБАНЦИ Тоа е непишано, ама моќно правило, порача Зијадин Села
Тоа не е во законот за формирање на влада, ниту во Уставот, но не можеме да се вратиме во 1990-те. Влада без учество на партија на Албанците не може да има. Тоа е непишано, но моќно правило, рече Зијадин Села од Алијанса за Албанците.
Говорејќи за формирање на идната влада по изборите во мај, Зијадин Села од Алијанса за Албанците синоќа во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека не може да се формира влада без Албанци.
– Тоа не е во законот за формирање на влада, ниту во Уставот, но не можеме да се вратиме во 1990-те. Влада без учество на партија на Албанците не може да има. Тоа е непишано, но моќно правило – рече Села.
Тој исто така додаде дека нема формирање Влада без промена на Уставот.
– Мое лично мислење е дека по изборите прво мора да се спроведат уставните измени, а потоа да се формира влада – изјави Села.