БУГАРИТЕ ЈА ПОЧНАА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА СО ПОСКАП ГАС Регулаторот ја зголеми цената за 36%

Големопродажната цена на гасот во ноември ќе изнесува 42 евра/MWh, без ДДВ и акцизи.

222

Бугарскиот енергетски регулатор (КРВР)во ноември одобри зголемување на цената на природниот гас за 36%. Ова е за 11% повеќе од првично предложеното зголемување од јавниот добавувач „Булгаргаз“, пишуваат бугарските медиуми.

Големопродажната цена на гасот во ноември ќе изнесува 42 евра/MWh, без ДДВ и акцизи.






Ваквата цена на гасот е шок за потрошувачите непосредно пред грејната сезона, коментираат медиумите и наведуваат дека ова  е последица на приклучувањето на Бугарија кон казнените мерки против Русија.

Пре ова Бугарите имаа една од најповолните цени на гасот во Европа.

Поврзани содржини