ВИЛМА РУСКОВСКА ЌЕ ЛЕТА ОД ОБВИНИТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА? Советот за јавни обвинители расправа за три дисциплински постапки

Постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство – соопшти Јавното обвинителство информирајќи за поведените дисциплински постапки.

3,186

На денешната седница на Советот на јавни обвинители една од точките на дневен ред е разрешување на поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, дознаваме од неофицијални извори.

На Дневен ред на 85 седница на СОЈРМ за денеска на дневен ред, покрај другите точки, се разгледуваат и дисциплинските постапки СОЖ 4/22, 1/23 и 2/23 зад кои се крие предметот против Русковска и две обвинителки, поведена уште во декември лани, поради „основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство“.






– Постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовевски, Комисијата одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство – соопшти тогаш Јавното обвинителство.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска претходно доби решение за суспензија, поради претресот во финансиската полиција. Заедно со Русковска беше поведена дисциплинска постапка и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

Поврзани содржини