АМБИЦИОЗНИ ИМАЛО И ЌЕ ИМА Вака Лукаревска ги коментира информациите дека АА се интересира за нејзината фотелја

Потпретседателката рече дека нивната заложба пред сѐ како СДСМ, заедно со сите коалициски партнери и сега со новиот партнер, Алијанса е европскиот пат.

591

Потпретседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска вечерва во „10 Минути“ на ТВ21 одговори на изјавите дека Алијанса за Албанците е заинтересирана за директорката функција во УЈП.

– Амбициозни имало и ќе има, меѓутоа и шпекулации имало и ќе има – вели Лукаревска.






Таа вели дека имале одличен преговарачки тим, а целиот процес на преговори се одвивал во најдобар ред.

– Имаме окрупнување на парламентарното мнозинство, клучната поентата на сето ова значи дека има поголем број на сили во рамки на Собранието, во рамки на парламентарните политички партии кои што ја поддржуваат европската агенда – рече Лукаревска.

Потпретседателката рече дека нивната заложба пред сѐ како СДСМ, заедно со сите коалициски партнери и сега со новиот партнер, Алијанса е европскиот пат.

– Верувам дека има и одредени сили во ВМРО-ДПМНЕ кои ќе застанат заедно со нас на овој европски пат. Секогаш кога се носат крупни одлуки, наидуваме на одредени пречки на патот, но затоа ние како политичка партија сме навикнати. Државотворните, крупни одлуки, ние го имаме бенефитот да ги носиме – Лукаревска.

Таа вели дека никогаш не го ставаат рејтингот над државотворните интереси.

– Не сметам дека имаме намален рејтинг – вели Лукаревска.

Поврзани содржини