ВО БОРБА ЗА ВИДОТ НА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ Систина Офталмологија со програма за превенција на очни компликации од дијабетес

„Систина Офталмологија“ е единствена очна болница со 4 дијагностички центри во Скопје, Битола, Гостивар, Тетово и Штип. Дијагностички и хируршки,  повеќе од 12 години, им излегува во пресрет на сите пациенти, на кои што им е потребна офталмолошка грижа. 

173

Систина Офталмологија, во партнерство со Сојузот на Здруженија на дијабетичари,  ќе развие програма за едукација и превенција на очни болести кај пациентите кои имаат дијабетес. Првата очна болница во Македонија, за потребите на проектот, на располагање ја става комплетната медицинска експертиза, со цел да се подобри лекувањето и да се зголемат позитивните искуства  на пациентите со дијабетес.

– Во нашиот фокус се и остануваат пациентите. Преку едукативни активности и превентивни методи , сакаме да ја кренеме свеста за потребата од редовни офталмолошки прегледи кај пациентите со дијабетес. Нашата болница, преку трајни партнерства, создава вредности за сите во општеството. Такво партнерство,  сега развивме со Сојузот на Здруженија на дијабетичари, со кои што потпишавме меморандум за соработка. Во нашиот фокус се и остануваат пациентите. Преку едукативни активности и превентивни методи сакаме да ја кренеме свеста за потребата од редовни офталмолошки прегледи кај пациентите со дијабетес. Во спротивно, може да дојде до сериозни медицински компликации, предизвикани од болеста – рече медицинскиот директор на Систина Офталмологија, д-р Златко Арнаудовски.






„Систина Офталмологија“ е единствена очна болница со 4 дијагностички центри во Скопје, Битола, Гостивар, Тетово и Штип. Дијагностички и хируршки, повеќе од 12 години, им излегува во пресрет на сите пациенти, на кои што им е потребна офталмолошка грижа.

Систина Офталмологија и нејзиниот хрватски партнер  „Свејтлост“ заедно имаат повеќе од 50 врвни офталмолози, 140 илјади успешни интервенции  и 400 илјади задоволни пациенти.

Поврзани содржини