НЕМА КРАЈ НА „ХЕРОЈСТВАТА“ НА ЕСМ Мицкоски информира дека за еднонеделен увоз на струја ќе се платат 2,5 милиони евра

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ сподели и информација дека од 7 ноември до 18 декември или за точно 41 ден, се потрошени вкупно 39.180.708 евра за увоз на струја.

253

ЕСМ за седум дена за увезена струја ќе плати 2,5 мииони евра, прокоментира на фесбук, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Иста компанија, херојски авансни провизии, многу криминал и корупција. Не треба истрага, не треба специјални тимови, криминалот е насекаде. Треба избори и нови луѓе да ги водат институциите.Новиот увоз на струја е за 7 дена, од 12 до 18 декември, а ЕСМ за овој увоз херојски ќе плати со народни пари околу 2.500.000 евра“, пишува Мицкоски.






Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ сподели и информација дека од 7 ноември до 18 декември или за точно 41 ден, се потрошени вкупно 39.180.708 евра за увоз на струја.

Според него, доаѓа крајот на корумпираните политички измамници и доаѓа времето за одговорност.

Поврзани содржини