МАКРОН НАЈАВИ БЕСПЛАТНИ КОНДОМИ ВО ФРАНЦИЈА „Мала превентивна револуција за луѓето од 18 до 25 години“

Во аптеките кондомот ќе биде бесплатен за 18/25 години. Одлуката ќе почне да се применува на 1 јануари и претставува мала превентивна револуција, рече претседателот Макрон за време на седницата на Националниот совет за обнова посветена на здравјето на младите луѓе.

106

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на територијалната седница на Националниот совет за обнова, посветена на здравство во Фонтен-ле-Конт, во близина на Поатје, објави дека пристапот до кондоми ќе биде бесплатен во аптеките за млади на возраст од 18 до 25 години од 1 јануари 2023 година, јави дописникот на МИА.

„Во аптеките кондомот ќе биде бесплатен за 18/25 години. Одлуката ќе почне да се применува на 1 јануари и претставува мала превентивна револуција “, рече претседателот Макрон за време на седницата на Националниот совет за обнова посветена на здравјето на младите луѓе.






Поврзани содржини