ПОЧИНА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОДБОРОТ НА ЛУКОИЛ Маганов паднал од прозорец во московска болница
Телото е пронајдено во близина на Централната клиничка болница на улицата Маршал Тимошенко. Бизнисменот пристигнал во медицинската установа пред неговата смрт. Телото го пронашло болничкиот персонал, пишува руска Правда.
Почина Равил Маганов (67), претседател на Управниот одбор на вториот по големина руски производител на нафта Лукоил.
Маганов почина вчера откако падна од прозорецот на болницата во Москва, изјави извор на Ројтерс. За смртта на Маганов јавија и некои руски медиуми. Од Лукоил немаше коментар за случајот.
– Телото на потпретседателот на нафтената компанија Лукоил Равил Маганов е пронајдено во Москва. Телото е пронајдено во близина на Централната клиничка болница на улицата Маршал Тимошенко. Бизнисменот пристигнал во медицинската установа пред неговата смрт. Телото го пронашло болничкиот персонал – пишува руска Правда.
Лукоил повика на прекин на војната
Во соопштението на рускиот производител на нафта објавено во март на официјалната веб-страница, Лукоил напиша дека се загрижени за трагичните настани во Украина и ги поддржуваат преговорите за ставање крај на конфликтот.
Надзорниот одбор на компанијата повика на итен прекин на огнот.
Маганов во Лукоил од 1993 година
Маганов работи во Лукоил од 1993 година, веднаш по основањето на компанијата, надгледувајќи ја нејзината обработка, производство и истражување.
Тој стана директор на Лукоил во 2020 година. Неговиот брат Наил Маганов е на чело на рускиот производител на нафта Татнефт.
Равил Маганов бил близок соработник на еден од основачите на Лукоил, Вагит Алекперов. Алекперов, поранешен советски заменик-министер за нафта, поднесе оставка од функцијата претседател на Лукоил во април, една недела откако Британија ги замрзна неговите средства и му воведе забрана за патување како дел од санкциите против Русија.