КОРИСНИЦИТЕ ПРИЈАВУВААТ ЧУДНИ ОБЈАВИ Решен проблемот на Фејсбук, причината сѐ уште непозната

Од компанијата на почетокот немаше објаснување за проблемот, но по повеќе од три часа агонија, корисниците известуваат дека повеќе немаат проблем со необични објави на славни личности кои се појавуваат на нивниот Фејсбук „ѕид“.

2,886

Корисниците на Фејсбук од утрово пријавуваат проблеми со работењето на најпозната социјална мрежа, а најчеста поплака е што не можат да ги видат вообичаените објави на својот „ѕид“.

Првите проблеми се забележани околу 6:30 часот наутро и се пријавени преку „downdetector“ сајт посветен на следење на ваквите проблеми.

 






Замерките се дека на „newsfeed“ на ФБ ѕидот на корисниците им се појавуваат постови од непознати со кои тие ги поздравуваат светските музички и спортски ѕвезди како Еминем или Кристијано Роналдо.

Од компанијата на почетокот немаше објаснување за проблемот, но по повеќе од три часа агонија, корисниците известуваат дека повеќе немаат проблем со необични објави на славни личности кои се појавуваат на нивниот Фејсбук „ѕид“.

 

Поврзани содржини